Еден новозаболен и еден починат во Прилеп


Прилеп е еден од градовите каде има најголем број случаи на нови инфекции од Ковид-19

Во Прилеп денеска е регистриран еден новозаболен од корона вирусот, а еден пациент на 73-годишна возраст почина. Две лица оздравеле од оваа заразна болест.

Бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 29. Од нив, 21 лице се наоѓа на домашно лекување, тројца се хоспитализирани во инфективното одделение во градската болница „Борка Талески“, а петмина се на лекување во Клиниката за инфективни болести и во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

Во самоизолација се наоѓаат 42 лица. Поради неносење заштитни маски, на 18 граѓани им се изречени прекршочни пријави.