Еден ден Д Фестивал во Дојран, ќе биде посветен на локалните музички херои


Фото: Б. Грданоски

Корона кризата го одложи и годинешниот традиционален Д Фестивал, кој требаше да се одржи по свој десетти јубилеен пат во Дојран.

Kако што информираа од Пасворд Продукција, фестивалот ќе се одржи наредното лето, а вонредното издание на фестивалот ќе биде овој месец.

„Единствената фестивалска авантура – Д Фестивал, веќе се подготвува за своите две наредни изданија – вонредно и јубилејно! Поради неможноста да го прославиме десеттиот роденден како што му доликува – со тридневна програма исполнета со многу музика, стотици уметници и креативци, повеќе бини, фестивалски камп и илјадниците најверни другари, големото, официјално роденденско издание го закажавме за 2 – 4 јули 2021-ва година.Годинава еднодневното издание на Д Фестивал, ќе се одржи на 22 август 2020 година на главната бина (Паркинг Гранит) во Дојран. Годинашното издание, симболично насловено “Д Фестивал и пријателите”, ќе биде посветено на локалните музички херои, со цел поддршка на македонската музичка сцена, велат од продукцијата.