Еден час помалку ќе работи жичницата на Водно


Од денеска (1 октомври) Жичницата Милениумски крст ќе работи еден час помалку од досега, односно до 18 часот.

Поточно, работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од доле нагоре е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе надоле.

Согласно утврдениот возен ред, работното време од 10 до 18 часот важи до 1 ноември.

Жичницата на Средно Водно работи секој ден освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот.