Ед Ширан доби уште една ќерка


Англија– Британскиот кантавтор Ед Ширан стана татко по втор пат. Според наводите, тој решил веднаш да го открие полот на бебето, па на Инстаграм објави дека тоа е девојче.

Тој објави и слика од детски чорапи.

„Сакам да ви соопштам на сите дека добивме уште едно прекрасно девојче. Двајцата сме толку вљубени во неа и сме вон себе зашто сега сме четиричлено семејство“, напиша музичарот под фотографијата.

Ед и неговата сопруга Чери ја добија својата прва ќерка во 2020 година. Тие се заедно од 2015 година, а се венчаа четири години подоцна.