ЕЦБ предвидува криза во економијата до крајот на 2022 година


Европската централна банка (ЕЦБ) не исклучува сценарио во кое на економијата во еврозоната може да и биде потребно време до крајот на 2022 година за да го достигне нивото пред пандемијата. Ова се наведува во извештајот објавен од финансискиот регулатор.

При песимистичко сценарио, бруто домашниот производ во еврозоната може да се намали за 12 отсто оваа година. Во вториот квартал од оваа година можно е да се забрза економскиот пад до 15 проценти. Со олеснување на кризата, ЕЦБ очекува БДП да забележи пад за пет отсто во 2020 година.

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард минатата недела изјави дека еврозоната ќе се соочи со „невиден економски пад“. Сепак, таа истакна дека ваквите прогнози се комплицирани бидејќи не се знае колку долго ќе трае епидемијата.