Eрдоган: Турција никогаш не се откажа од ЕУ


Турција никогаш не се откажала од својата цел – приклучување кон Европската унија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган по објавата на манифестот за изборите кои ќе се одржат следниот месец.

Обраќајќи се на своите приврзаници во Истанбул, Ердоган истакна дека ЕУ не покажала иста посветеност кон тоа прашање.

Ердоган, уште рече, дека новиот претседателски систем со извршни овластувања, кон кој ќе премине Турција по изборите, ќе даде нов имплус на економијата. Тој вети намалување на даноците и инфлацијата по изборите на 24 јуни.

Ердоган, исто така, соопшти дека Турција ќе преземе нови воени операции на граничната линија, по спроведените две офанзиви во Сирија.

– Ние нема да се откажеме од борбата против терористичките организации. Ќе има нови воени операции по „Еуфратски штит“ и „Маслиново гранче“. Нашите војници се подготвени за нови мисии, изјави турскиот претседател.