Ѕвездата во болница: Катрин Денев доживеала полесен мозочен удар


Франција- Филмската легенда и модна икона Катрин Денев (76) доживеала полесен мозочен удар, потврди семејството.

„Насреќа, нема поголеми последици, само ќе мора да одмара“, додава истиот извор.

Актерката е примена во болница во Париз.

Иконата на францускиот филм со недели работи на филмот на режисерката Емануел Берко “De son vivant”.

Се прослави во 1964 година со филмот „Шербурски чадори“, а глумела со најголемите режисери како Роман Полански, Луис Буњуел, Ларс фон Триер…

На 17 години се вљубила во 16 години постариот режисер Роже Вадим со кој во 1963 година го добива синот Кристијан. Се разделуваат по еден месец од породувањето. Потоа се мажи за фотографот Дејвид Бејл со кого во брак ќе биде седум години.

Со италијанскиот актер Марчело Мастројани со кого снимила пет филма, ќе биде во врска во 70-тите и ќе ја добие ќерката Кијара. Била пријателка и со дизајнерот Ив Сен-Лоран , односно негова муза.

Денев своевремено била и заштитно лице на парфемот „Шанел. 5“, а во 1986 година го лансираше својот парфем „Денев“.

Со децении важи за една од најубавите жени во светот, а во 2001 година станува заштитно лице на „Лореал“.