Ѕвездата на Манчестер Јунајтед си набави борбено куче од 15 илјади фунти за да се одбрани од агресивните навивачи


Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед Пол Погба купи куче чувар за да се заштити од агресивните навивачи, пренесува „Сан“.

Причината за ова се редовните напади и закани кои преку социјалните мрежи ги добива Французинот.

На тренинг-базата на Јунајтед фановите испишаа порака до фудбалерот „Погба, оди си!“.

– Тие се многу симпатични кучиња додека не добијат команда за напад. Фудбалерите се јавни луѓе, а нивната желба да бидат заштитени е разбирлива, рече Ричард Арнолд, сопственик на одгледувачницата за борбени кучиња К9.

Погба се пресели во Манчестер јунајтед од Јувентус во 2016 година за 105 милиони евра. За ова време, 26-годишниот играч од средниот ред одигра 96 натпревари за „црвените ѓаволи“ во англискиот шампионат и постигна 24 голови.