ДЗСИ: Ако ви доцнат решенијата за изолација, пратете меил


Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека граѓаните на кои им доцнат решенијата за изолација може да се обратат до нив преку електронска пошта.

„Граѓаните кои од било која причина сè уште не добиле решение за изолација, може да испратат e -mail, на следнава адреса: [email protected], со точни лични податоци и информации за адресата и место на живеење“, соопштија од ДСЗИ.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера издал 1.215 решенија за изолација и тоа во Скопје на 221 позитивни на Ковид -19 и на 152 нивни контакти, а во останатите населени места на 324 позитивни на Ковид -19 и на 518 нивни контакти.