ДЗС по грешка ги измешал атеистите со евангелско протестантските христијани


Фото: Б. Грданоски

На сајтот на Државниот завод за статистика е објавено извинување за направената грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност на граѓаните.

-Во Соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол – Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите „Не е верник (атеист)“ и „Евангелско протестантски христијани“ е направена пермутација на податоците, стои во соопштението на ДЗС.

Од тие причини е направена корекција во табелата, а воедно сите појави под 500 не се прикажани во табелата поради ограничениот простор.Се извинуваме за направената грешка, се наведува во соопштението од Државниот Завод за Статистика.Дека пописните резултати се изменети во делот на религиската припадност, се дозна во саботата.