ДЗС: Не ги подигајте старите бомби од Првата светска војна – пријавете на 112!


Фото: Б. Грданоски

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска во 14:00 часот ќе одржи  прес-конференција во просториите на Дирекцијата.

Тема ќе биде уништувањето на две хемиски гранати од 75 mm, со екстремно отровен боен отров – неексплодираните убojни средства (НУС) со хемиско полнење од Првата светска војна.

Воедно, од ДЗС ги повикуваат граѓаните доколку пронајдат неексплодирани бомби и оружје да не ги поместуваат и веднаш да пријават до надлежните институции. 

-Апелираме до граѓаните кога ќе пронајдат гранати, бомби, пушки, муниција и слични оружја од минатите војни, во природата или пак и во урбани населби, да не ги поместуваат туку веднаш да се јават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, по што, по што Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соодветно и согласно стандардните оперативни процедури СОП за НУС, ќе ја ја отстрани опасноста, наведуваат од ДЗС.