Џорџ Флојд и кажал на полицијата „Не можам да дишам“ повеќе од 20 пати

Новообјавените записи од последните минути од животот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, откриваат дека тој и кажал на полицијата „Не можам да дишам“ повеќе од 20 пати.

Флојд и кажал на полицијата „Не  можам да дишам“ повеќе од 20 пати, а полицаецот обвинет за неговата смрт, Дерек Шовин го притиснал со колено неговиот врат и му кажал: „За да зборуваш потребно ти е многу кислород“.

Новите докази се објавени јавно, како дел од одбрана на еден од полицајците кој е вклучен во истрагата, Томас Лејн, обвинет за соучество во убиството на Флојд.

Новите записи покажуваат дека Флојд  се обидел да соработува со полицијата и дека не се чувствува добро.

Новите документи вклучуваат 82 страници текст од полициска камера и 60 страници од сослушувањето на Лејн од страна на истражителите.

Шовин е обвинет за убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство. Лејн и уште двајца полицајци се обвинети за соучество, поттикнување на убиство од втор степен и убиство.