Џонсон: Ситуацијата со корона вирусот ќе биде многу поинаква на пролет


Ситуацијата во врска со коронавирусот ќе биде многу поинаква на пролет, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон во време кога Велика Британија ја забрзува својата програма за вакцинација за да ги заштити најранливите.

– Работите ќе се променат на пролет. Тоа не значи дека нема да живееме со последиците од пандемијата на вирусот уште некое време, рече Џонсон.

Тој одби да даде директен одговор на прашањето дали социјалните бенефиции воведени за да им помогнат на луѓето со ниски примања да ја преживеат пандемијата на Ковид-19 ќе бидат продолжени до април.

– Она што го кажавме е дека ќе ја поддржиме целата земја, рече Џонсон, додавајќи дека сите мерки постојано ќе се разгледуваат.