Џонсон разгледува опции за карантин во Велика Британија

Англија – Британскиот премиер Борис Џонсон разгледува опции за воведување нови мерки за карантин на национално ниво од следната недела.

Главната причина за тоа е загриженоста поради преоптовареноста на болниците поради големиот скок на бројот на новоинфицирани со Ковид-19, објави Тајмс.

Министерот за надворешни работи Доминик Раб претходно изјави дека воведувањето карантин на ниво на цела Велика Британија не е потребно со цел да се намали зголемувањето на бројот на заразени и додаде дека локализираниот пристап може да биде ефикасен, доколку сите се придржуваат кон мерките.

Според податоците на владата, во Велика Британија вчера беа регистрирани 24.405 нови случаи назаразени и уште 274 смртни случаи од Ковид-19.