Џонсон: Неуспех во отворањето на училиштата не е опција

Британскиот премиер Борис Џонсон им порача на своите соработници дека „неуспех со отворањето на училишта не е опција“, пренесува „Сандеј телеграф“.

Претходно овој месец, Џонсон кажа дека отворањето на училиштата во септември е социјален, економски и морален императив, инсистирајќи на тоа дека тоа може да се направи на безбеден начин, и покрај пандемијата.

„Сандеј тајмс“ објави овој месец дека британскиот премиер наредил започнување кампања за да се обезбеди навремено отворање на училиштата.