Џонсон: Ќе се придржуваме до законот, Брегзит на 31 октомври

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека неговата Влада ќе се придржува до законот и дека останува посветен на тоа земјата да ја напушти Европската унија со постигнатиот договор.

Џонсон вети дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври, со или без договор, но Парламентот го донесе законот со кој се обврзува да побара продолжување на рокот ако не се постигне договор до 19 октомври.

– Ние ќе го почитуваме законот, но убедени сме дека можеме да ја напуштиме Унијата на 31 октомври. Најдобар начин да се постигне тоа е да постигнеме договор, рече Џонсон одговарајќи на прашањето дали ќе побара одложување или ќе го заобиколи законот, кој го нарече „чин на предавање“.

Според него, „затоа тој чин на предавање е толку штетен“.

– Тоа има влијание на нашите европски пријатели поради што размислуваат – можеби Парламентот може да го блокира ова, можеби ќе бидат принудени да го продолжат рокот. Ова очигледно ги отежнува преговорите, рече Џонсон.