Џонсон ги објави новите рестриктивни мерки


Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги објави мерките за спречување на ширењето на вториот бран на епидемијата со Ковид-19, што би можеле да бидат во сила следните шест месеци, а вклучува и охрабрување на работа од дома и порано затворање а пабовите и рестораните.

– Го задржуваме правото на употреба на поостри мерки, со значително поголеми ограничувања. Построгите мерки ќе можеме да ги избегнеме само ако овие мерки дадат резултати и ако го смениме своето однесување, истакна Џонсон во Парламентот по состанокот со своите министри и лидерите на регионалните влади на Обединетото Кралство.

Мерките, што в четврток ќе стапат во сила предвидуваат пабовите, баровите и рестораните да се затворат во 22 часот, да продолжат луѓето, кои можат, да работат од дома, заштитните маски ќе бидат задолжителни на повеќе места отколку досега.

Додека училиштата и Универзитетите ќе продолжат со работа.

Новите мерки се воведени откако владините советници изјавија дека дневиот број на новозаразени до средината на октомври би можел да се искачи на 50.000 лица.