Џони Деп го продава пентхаусот во кој живееше со Амбер Херд


САД– Сместен во зградата Eastern Columbia, ексклузивниот стан се наоѓа на таванот на една од најистакнатите историски знаменитости во Лос Анџелес. Станот на два ката е 165 квадрати, има само една спална соба, две купатила, отворена дневна и трпезарија. Луксузниот пентхаус моментално се продава за 1.765.000 долари, па неговите фотографии протекоа во јавноста.

Минималистички, изобилува со интересни архитектонски решенија како црни скали кои водат од галеријата до покривот на зградата каде што има базен, спа центар, зен градина и фитнес студио. Мебелот е избран во неутрални бои, а станот се карактеризира со екстремно високи тавани и големи прозорци низ кои допира многу светлина.

Пред разводот од Амбер, покрај нивниот личен стан, Џони Деп поседувал дури пет пентхауси во таа зграда, но по разводот во 2016 година, актерот ги продал за 12,78 милиони долари.

И последниот од пентхаусите, оној во кој го споделуваа животот на Деп сега се продава, веста дојде по победата во тужбата, од која актерот е исклучително задоволен. Поротата едногласно одлучи дека Амбер Херд лажно го клеветела актерот со кој била во брак две години. Судската одлука му наложи на Џони да и плати на поранешната сопруга 2 милиони долари бидејќи неговиот адвокат ја обвини дека лаже на суд. Но таа треба да му плати дури 10 милиони.

Како што навестија адвокатите на Деп, холивудската суперѕвезда можеби нема да бара исплата на огромни милиони долари од неговата поранешна сопруга Амбер Херд, тврдејќи дека актерот е задоволен од неговата „целосна победа“ со која го расчисти своето име.