Џон Болтон го спореди Ердоган со Мусолини и го нарече диктатор


Поранешниот американски советник за национална безбедност, Џон Болтон, го спореди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со италијанскиот фашистички лидер Бенито Мусолини и го нарече диктатор во својата нова книга.

„Повикот на Ердоган се покажа како искуство. Слушајќи го него (неговите забелешки секогаш беа интерпретирани), тој звучеше како Мусолини да зборува од неговиот балкон во Рим, освен тоа што Ердоган зборуваше во тој тон и волумен преку телефон. Беше како тој да ни предаваше“, рече Болтон додека ги откри деталите за разговорот меѓу него, Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп.

Повикот се одржа веднаш по осомничениот хемиски напад во близина на сирискиот Дамаск во 2018 година во кој загинаа повеќе од 40 лица. За помалку од една недела, сојузниците на Соединетите Држави, Велика Британија и Франција, започнаа воздушни напади против сириските воени цели.

Болтон во својата книга го нарече Ердоган и диктатор додека ги коментираше напорите на Трамп да се вмеша во федералниот случај против Халкбанк во корист на Турција и да го искористи својот авторитет за да спречи какви било понатамошни мерки на извршување против банката.

„Специфично, сепак, сакав да брифирам (јавниот правобранител Вилијам Бар) за  Трамп, всушност, да даде лични услуги на диктаторите што ги сака, како што се кривичните случаи на Халкбанк, ЗТЕ, потенцијално ‘Хуавеј’ и кој знае уште што друго“, вели Болтон.

Халкбанк е обвинета за вмешаност во масовна шема за заобиколување на санкциите кон Иран. Во обвинението се наведува дека турско-иранскиот бизнисмен Реза Зараб ги поткупил високите функционери, вклучувајќи и турски министер, за да му помогнат да ги пренасочи приходите од иранската нафта преку Халкбанк со помош на фиктивни зделки. (Ахвал)