Џон Батист со 11 номинации на 64. Греми-пред Џастин Бибер, Били Ајлиш и Доџа Кет


САД– Академијата за снимање ги објави номинираните за 64. Греми награди, кои ќе се одржат во Стејплс центарот во Лос Анџелес на 31 јануари.

На изненадување, најмногу номинации има Џон Батист, чиј мартовски албум We Are му помогна да ги обезбеди номинациите, вклучувајќи албум на годината, снимка на годината и најдобар R&B албум.

Џастин Бибер, Доџа Кат и Х.Е.Р.  имаат по осум номинации, додека Били Ајлиш и Оливија Родриго – по седум.

Ова ја означува третата последователна година на Ајлиш да биде номинирана за снимка на годината, песна на годината и најдобра поп соло изведба, додека Родриго исто така е подготвена да влезе во историјата: доколку ги освои сите четири општи категории, таа ќе биде само втората жена и втора најмлада личност која некогаш го направила тоа.

Фактот дека АББА, една од најголемите и најомилените поп-групи на сите времиња, никогаш не била номинирана на Греми, несомнено е една од најеклатантните отстапки на наградите на сите времиња. Но, сега, првиот сингл на групата по 40 години – „I Still Have Faith In You“, од повратниот албум на Швеѓаните Voyage – е меѓу номинираните за снимка на годината, заедно со оние на Џастин Бибер и Бренди Карлајл. 

Победниците ги одредува група од повеќе од 11.000 членови со право на глас, кои ќе учествуваат во гласањето во последниот круг од 6 декември до 5 јануари.