Џоли за оскаровската тоалета од 2012: Ми беше најкомотна


САД- Седум години подоцна, славната актерка Анџелина Џоли прозборе за секси црната тоалета од кадифе на „Версаче“ која даде ново значење на поимот гламур.

-Имав многу фустани на располагање. Сите беа убави но комплицирани. Во оваа најубаво се чувствував, изјави актерката.

Со позата пак со убавата нога и длабокиот шлиц  Анџелина подоцна влезе во оскаровската историја.

Деновиве актерката е актуелна со новиот филм „Господарката на злото 2 “ во САД и во Јапонија. По тој повод избра блескава тоалета на Ралф и Русо.