Џоли го извади Пит од презимето


САД– Актерката и режисер Анџелина Џоли (43) го извади Пит од презимето и сега со актерот Бред Пит (55) ја врзува само старателството над шесте деца. Најпопуларната двојка во Холивуд по 11 годишна врска, две години брак и две години разделба и официјално се разведе.

По долгата постапка, во текот на која двајцата се бореа за старателството врз нивните шест деца, официјален старател е Анџелина, но Бред добил детален план за поминувањето на времето со децата, кој го утврдил судот.

Тие имаат шест деца. Најголемиот е Медокс и има 17 години, Пакс има 14, Захара 13, Шило има 12, а близнаците Вивиен и Нокс имаат по 10 години.

Кој е побогат? Информациите велат Бред Пит. 80 милиони долари повеќе од Џоли. Тој тежи 240 милиони долари, таа 160 милиони долари.