Џоди Фостер ја продава куќата во шпански стил во Калабасас


САД– Славната актерка и режисерка Џоди Фостер ја продава куќата во шпански стил во Калабасас за 2,85 милиони долари. Куќата, во која во моментот не живее никој, опфаќа 4.920 квадратни метри и е главно на приземје со бонус простории на вториот кат. Оскаровката и нејзината покојна мајка, Евелин Фостер, првично ја купија куќата заедно во 2005 година за малку повеќе од 2,25 милиони долари, а потоа таа целосно припадна на Џоди по смртта на Евелин, минатата година.

Минатата година, Фостер стави на пазарот уште еден нејзин имот во околината на Лос Анџелес – нејзината куќа со седум спални соби во Беверли Хилс, која ја купи во 2011 година. За неа побара 15,9 милиони американски долари.