Џо Бајден има корона


 

Американскиот претседател Џо Бајден (79) е позитивен на корона вирус, потврди денеска Белата куќа.

Како што објавија од таму, Бајден е два пати вакциниран, а примил и две бустер дози. Има многу благи симптоми, стои во соопштението.

Белата куќа наведува дека тој ќе продолжи да работи од изолација сѐ до негативен тест за корона вирус.