Џиро д‘ Италија: Четврта етапна победа на Вингегор


Данскиот велосипедист Јонас Вингегор победи на денешната 16. етапа во рамки на овогодишното издание на трката Џиро д’Италија.

Данецот беше најбрз на делницата од Белинцона до Кари во Швајцарија, во должина од 113 километри, и со својата четврта етапна победа го зголеми своето водство во генералниот пласман.

На пет етапи до крајот, Вингегор има водство од 4:03 минути пред второпласираниот Феликс Гал во генералниот пласман, додека третопласираниот Тимен Аренсман заостанува 4:27 минути.

Доколку Вингегор в недела триумфира на целта во Рим, ќе стане само осмиот велосипедист во историјата кој ги освоил сите три Гранд Тур трки, откако победи на Тур де Франс во 2022 и 2023 година и на Вуелта минатата година.