„Џипси кингс“ доаѓа во Скопје на 22 март
На 22 март во салата „Јане Сандански“ во Скопје концерт ќе одржи светски познатиот бенд од Франција „Џипси кингс“, објави „Авалон“.„Џипси кингс“ доаѓа со оригиналниот пејач Николас Рејес, кој ги отпеа хитовите „Bamboleo”, „Volare” и „Djoba Djoba”. Gipsy Kings ќе гостуваат во Скопје со 90 минутно шоу , со своите најголеми хитови .
Gipsy Kings важат за кралеви на румбата и фламенкото во музичкиот бизнис, длабоко втемелени и запишани во историјата на “world” музиката. Имаат објавено 15 студиски албуми со преку 20 милиони продадени носачи на звук, а во 2014та година освоија ,,Греми” награда за најдобар албум, за албумот „Savor flamenco“.
A, вечната актуелност на Nicolas Reyes е повеќе од очигледна. За тоа сведочи и фактот дека, во 2023та година, Nicolas Reyes беше специјален гостин на Coldplay на нивниот стадионски концерт во Барселона, на кој заедно со Chris Martin, ги изведоа ,,Volare”, ,,Bamboleo”, како и ,,Proud Mary” во чест на Tina Turner.
Влезниците ќе бидат во продажба од петок (7 февруари) во 10 часот наутро онлајн на karti.com.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk.