Џипот на Дарја Дугина бил разнесен од далечина
Руските истражители веруваат дека автомобилот во кој загина Дарја Дугина, ќерката на филозофот и политиколог Александар Дугин, бил кренат во воздух од далечина, пренесува ТАСС, повикувајќи се на извор од безбедносните органи.
„Утврдено е дека бомбата на автомобилот на Дугина била активирана од далечина. Веројатно, автомобилот бил следен и било контролирано неговото движење“, рекол изворот.
Се тврди дека автомобилот во кој го возела Дугина пред убиството го следеле луѓе со телефони без идентификација. Според наводите, истрагата ја разгледува верзијата дека експлозивната направа во автомобилот се активирала по повик од еден од овие телефони.
29-годишната Дарија Дугина загина вечерта на 20 август во московскиот регион по експлозијата на џипот „тојота ленд крузер прадо“ кој го возеше. „Комерсант“ напиша дека меѓу верзиите за тоа што се случило е и обидот да се убие Александар Дугин.