Џил Бајден меѓу презентерите на Греми 2023


САД- Академијата за снимање во средата објави дека голем број презентери – вклучувајќи ги Карди Б, Оливија Родриго и Шанија Твен – ќе застанат на сцената на 65-тото доделување на наградите Греми .

Ним им се придружуваат Били Кристал, Џејмс Корден, Вајола Дејвис, Двејн Џонсон и првата дама Џил Бајден.

Бајден не е единствената прва дама што досега се појавила на доделувањето на престижните „Греми“ награди. И поранешната прва дама Мишел Обама беше на таа сцена во 2019 година, а година подоцна освои „Греми“ за албум cо аудиоговор, за нејзините солидно продавани аудиомемоари „Becoming“. Хилари Клинтон доби „Греми“ во 1997 година како прва дама, за нејзината книга „It Takes a Village“.

Комичарот Тревор Ноа ќе биде трета година по ред на музичкото шоу, со настап од Bad Bunny, Mary J. Blige, Brandi Carlile, Luke Combs, Steve Lacy, Lizzo, Kim Petras, Sam Smith и Harry Styles.

Најмногу номинации за оваа година има Бијонсе,  девет за новиот албум Renaissance – врзувајќи ја со сопругот Џеј Зи за најноминиран изведувач на сите времиња, со 88 поединечни номинации.


Поп-ѕвездата е номинирана за некои од најпосакуваните награди на вечерта, вклучувајќи снимка на годината, албум на годината и песна на годината. Таа ја најави својата светска  турнеја „Ренесанс“ во средата наутро со 47 датуми почнувајќи од мај во Европа и од 8 јули во Северна Америка.

Кендрик Ламар ја следи Бијонсе со осум номинации, додека Адел и Карлајл (41) заработија по седум. Блајџ, 52, диџеј Калед, Фјучер, Д-Дрим, Стилс, 29 и Ренди Мерил, имаат по шест номинации.