Џибони подготвува нов албум, се пофали Влатко Стефановски


Хрватска- Пишувам песни. Некои се подобри, а некои полоши. Посадив и три лимуни, изјави неодамна во интервју за радио Далмација регионалната поп-ѕвезда Златан Стипишиќ-Џибони кој откри дека изолацијата заради коронавирус ја поминал во Вела Лука.

Радосната вест за новиот албум на почитуваниот музичар ја откри гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски кој се пофали дека со продуцентот Никша Братош го завршил снимањето на гитари во студиото за новиот албум на Џибони.

Еден од најдобрите хрватски автори последниот студиски албум го објави со Оливер Драгојевиќ во 2016 година (“Familija).

Зад него се 10 студиски албуми, а во текот на целата кариера го прателе извонредни музичари како Ману Катче, Пино Паладино, Влатко Стефановски…

Стефановски му свиреше  и на најверојатно најдобрите албуми на Џибони “Ljudi, zviri i beštimje”  и “Mirakul”.

Затоа фановите се среќни што Џибони по четири години пауза се враќа на дискографската сцена.