Џевад Адеми: „Метлата“ треба да почне од Анѓушев
Пратеникот на ДУИ Џеват Адеми, во вчерашната емисија Клик Плус на ТВ21, ја коментираше ,,метлата“ на премиерот Зоран Заев.
Тој рече дека чистката на Заев треба да почне токму од вицепремиерот Кочо Анѓушев. -Загрижувачки е впечатокот, не фактот, дека вицепремиерот за економски прашања странските инвестиции ги ориентира кон централна и источна Македонија, тоа е скандалозно. Чистката на Заев треба да почне од него“, рече Адеми.