Џеки Кенеди со венчаницата испиша историја: Црномурестата дизајнерка Ен Лоу е заслужна за тоа


Ен Лоу никогаш не доби признание за дизајнот за време на нејзиниот живот

САД– Најславната венчаница на тоа време, на Џеки Кенеди, беше дизајнирана од Ен Лоу. Ен Лоу нашироко се сметаше за талентирана дизајнерка, која работеше на фустани за некои од најбогатите семејства во земјата, вклучувајќи ги Рокфелер, Ду Понс и Рузвелт, пренесува Elle.

И покрај нејзината брилијантност и успех, како црномуреста шивачка, Ен се соочи со расизам и дискриминација во нејзината кариера. Пријавено е дека кога печатот ја прашал Џеки кој ја дизајнирал нејзината венчаница, покојната прва дама, наводно, одговорила: „тоа го направила обоена креаторка“. Белата куќа се обиде да ја повлече статијата, а секретарот на  Џеки ѝ објасни на Ен дека не знаеле дека изјавата ќе биде цитирана во статијата. Сепак, во 1964 година, Ен му кажала на Saturday Evening Post  колку е „слатка“ Џеки кон неа.

Не беше оригиналната венчаница на Џеки

За жал, првиот фустан на Џеки се уништи во неочекувана поплава кога пукна цевка во студиото на Ен во Њујорк, уништувајќи го фустанот на Џеки и фустаните на деверушите. За првиот фустан на Џеки ѝ беа потребни осум недели, а за да се влошат работите, инцидентот се случи само 10 дена пред свадбата. И така, Ен регрутира неколку членови на персоналот и откако постојано работеше ден и  ноќ,  ја заврши новата венчаница кога дојде големиот ден за Џеки-12 септември во 1953 година, во Њупорт, на Род Ајландс.

Дизајнерката изгуби илјадници долари заради новата венчаница за Џеки

Според објавата на Националниот музеј за американска историја, Ен очекуваше да дизајнот на славната венчаница да донесе профит од 700 долари. Но, несреќната поплава ја чинеше многу пари во трудот и материјалот како замена – како резултат на тоа, таа заврши во загубата од 2.200 долари. Наводно, Ен никогаш не им кажала на Кенедиeви што се случило.

Наметката имаше 50 ружи од свилена тафта во боја на слонова коска

И покрај неочекуваната несреќа, последната минута напорна работа на Ен се исплатеше. Крајниот резултат беше фустан од свилена тафта во боја на слонова коска со здолниште украсено со 50  цвеќиња од материјалот. За да ја надополни венчаницата, Џеки на свадбата од накит носела ѓердан од бисери и дијамантска нараквица, и букет од  розови и бели орхидеи и гардении. Невестинскиот изглед на Џеки Бувие-Кенеди ќе стане еден од најзначајните во модерната историја.

Џеки со фустанот носеше посебен превез

Иако венчаницата беше во центарот на вниманието , интересен за јавноста и за историјата се покажа и невестинскиот превез од чипка, која баба ѝ го носела кога се омажила. Превезот беше поставен над тијарата направена од цвеќиња од чипка, според веб-страницата на Претседателската библиотека ЏФК.

Џеки имаше мешани чувства за невестинскиот фустан

Според Time, тогашната 24-годишна невеста всушност била малку самосвесна за фустанот, мислејќи дека „во неа изгледала како амбалажа“. Невестата имала замислено  поинаква венчаница. Сигурно и сугерирала некои свои замисли на дизајнерката. (Ел)