Џеј Зи е првиот хип-хоп милијардер


САД– Шон Кореј Картер (49), попознат по прекарот Џеј Зи, официјално стана првиот хип-хоп милијардер. Статистиката на „Форбс“, утврдила дека неговото богатство е проценето на нешто повеќе од милијарда долари.

Раперот, сопруг на поп-ѕвездата Бијонсе, пред да стане музичар, бил трговец со дрога, а во 1996 година ја покренал својата издавачка куќа „Рок-А-Фела рекордс“. Оттогаш со 14 објавени албуми заседна на музичките топ листи, освои 22 награди „Греми“ и заработи повеќе од 500 милиони долари од претплати на корисниците.

Музичкиот каталог на Џеј Зи е вреден 75 милиони долари, а во 2007 година продаде линија облека за 204 милиони долари. Тука треба да се додадат, односно да се пребројат и акциите на берзата (како оние на Убер) кои изнесуваат 70 милиони долари, како и компанијата „Рок нејшн“, вредна 75 милиони долари.