Џеф Бриџис откри дека има рак

САД– Оскаровецот Џеф Бриџис откри дека има лимфом, но вели дека неговата прогноза е добра, пренесуваат медиумите.

Во еден твит повторувајќи го неговиот лик Д Дуд (Батката) во филмот „Големиот Лебовски“, Бриџис рече дека започнува со третмани, признавајќи дека станува збор за сериозна болест.

Лимфомот е форма на рак кој влијае на лимфниот систем – дел од мрежата што се бори против микробите во организмот.

70-годишниот Бриџис е добитник на „Оскар“ за најдобра машка улога во 2010 година за улогата на алкохоличар во филмот „Лудо срце“.