Џастин Тимберлејк и Џесика Бил во тајност го добија вториот син


САД- Актерката Џесика Бил (38) и поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк (39) во тајност го добија вториот син, дознава „Дејли Мејл“. Бил во моментов се опоравува од породувањето дома во друштво на нејзиниот сопруг и нивниот петгодишен син Сајлас.

Мајката на актерката, Кимберли Конро Бил е исто така со нив да и помогне на својата ќерка со сè што треба. Токму нејзините пријателки потврдија дека станала баба, но портпаролите на славното семејство сè уште не ја коментирале среќната вест.

Тимберлејк и Бил не се појавиле во јавноста од март годинава, а медиумите шпекулираат дека славната двојка е во нивниот дом во Монтана од кога започна пандемијата на коронавирус. Тие вешто ја криеја бременоста, а од почетокот на оваа година, актерката нема објавено фотографии на кои би се открило дека очекува дете.

Пејачот беше фатен од папараците како се држи за раце со актерката Алиша Вајнрајт минатата година, поради што неговиот брак со актерката беше во криза.

Бил, исто така, го симна нејзиниот венчален прстен, но откако се помирија и решија да работат на нивната врска, таа го врати на раката. Тимберлејк се обиде на секој можен начин да и се извини на сопругата и зборувал дека погрешил. Сепак, ништо не се случило меѓу него и Алиша.

„Пиев премногу таа ноќ и жалам за моето однесување“, рече Џастин откако неговите фотографии со Алиша излегоа во медиумите.