Џамбаски се жали во бугарската влада за клубот „Никола Вапцаров“

Тој потенцира дека според бугарскиот закон за настанот се известува градоначалникот и тој, ако има проблем треба да реагира во рок од 24 часа, а доколку не го направи – настанот е официјално дозволен и токму тоа се случи.
-И да би сакал не би смеел. Таква е атмосферата во Бугарија, смета членот на ОМО Илинден-Пирин.
Стојков жали што премиерот Димитар Ковачевски не се одзвал на поканата да присуствува во недела во Благоевград.
-Штета што не ја прифатил поканата. Создавателите на клубот му укажаа чест. Ако како што најавува планира втор клуб во Благоевград да отвора, не ми е јасно каква е смислата. Подобро да отвори во друг град, во Благоевград веќе има, вели Стојков.
На отворањето на „Никола Вапцаров“ присуство најавија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и делегација на Левица, а Стојков посочува дека поканата од организаторите била отворена до сите, што значи и за претседателот Стево Пендаровски кој јавно се пожали дека покана не добил.
-Сите се добредојдени. Кои сакаа – доаѓаат. Кој со какви мотиви доаѓа, си е негова работа, јас не можам да проценувам. На сите што доаѓаат можеме само да им сме благодарни. Штета што од владеачките партии не доаѓаат, но тоа исто си е нивен избор. Ако дојдеа пораката ќе беше дека сите фактори во Македонија им даваат поддршка на Македонците во Бугарија. Убаво е Македонците во Бугарија да видат, слушнат, почувствуваат малку братска грижа и солидарност. Премногу често се заборавени од македонската држава, смета членот на партијата на Македонците.
На прашањето дали очекува евентуални проблеми пое отворањето на македонскиот клуб, налик на оштетувањата на бугарските клубови во Македонија, Стојков истакна дека е можно.
-Иако нема причина за такви работи – овој клуб не е провокативен, сепак е сосема можно, тоа периодично се случува – еве имаше оштетувања на два македонски клубови овде во последните два месеци. Навикнати сме, порача тој.