Џафери: Законот за СЈО може да биде донесен и во август


Фото: Б.Грданоски

Новата амбасадорка на САД Кејт Брнс на претпладневната средба со спикерот Талат Џафери се интересирала дали новиот Закон за јавно обвинителство може да биде донесен до 15 септември.

На брифинг со новинари веднаш по средбата со амбасадорката, Џафери соопшти дека новиот закон, со кој се решава статусот на СЈО може, да биде донесен и до крајот на август, ама дека тоа зависи од позициите на политичките партии, со оглед на тоа што законот треба да се донесе со 80 гласови.

Се очекува владата на денешната седница да го донесе законот што минатата седмица го најави премиерот Зоран Заев и тој веднаш да биде доставен во парламентот.(А.М.М.)