Џафери: Собранието не може да се собере бидејќи има забрана за собири


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Собранието Талат Џафери се уште на ја примил предлог – одлуката на Владата со која се бара од Парламентот да прогласи вонредна состојба поради справување со ситуацијата со коронавирусот, но ја очекува во секој момент.

– Согласно процедурите истата предлог одлука, врз основа на Уставот, чл 125 став 4 дека Собранието не може да се собере, ќе биде упатена до претседателот на државата. Се надевам дека претседателот ќе постапи согласно неговите надлежности, рече Џафери.Собранието, додаде Џафери, не може да се собере и поради наредбата за забрана за собирања .

Џафери го мислењето со одредени експерти дека по самораспуштањето и  распишувањето на избори pарламентот не може да се состане повторно. Изборите ќе бидат одложени со уредба од страна на Владата, врз озносва на член 126 од Уставот

Претседателот на државата Стево Пендаровски, пак, претходно на својот профил на Фејсбук напиша дека очекува претседателот на Собранието да го проследи владиниот предлог за прогласување вонредна состојба до него, по што ќе се обрати до јавноста.