Џафери „прелета“од Доха во Виена


Фото: Б. Грданоски

По неколку дена поминати во Доха, каде што учествуваше на 140.Собрание на Интерпарламентарната унија, претседателот на парламентот Талат Џафери од денеска е во посета на Виена. Тој отпатувал директно од Катар во Австрија, каде што, пак, учествува на  Конференција на претседатели на парламенти на Европската унија.

Конференцијата се одржува денеска и утре, така што Џафери ја напушти порано Доха за да се појави и на овој наста. Во Катар останале другите ператеници кои учествуваа ма 140. Собрание на ИПУ, кое завршува во среда.

Во Виена, Џафери ќе има обраќање на првата сесија, на тема „ЕУ и нејзините соседи“. Во рамки на настанот, како што соопштија од неговиот кабинет, претседателот на македонскиот парламент ќе има средби со потпретседателката на Националното собрание на  Франција, Карол Биро – Бонар и со претседателот на Комисијата за европски прашања на Сенатот на Франција  Жан Бизе, како и со претседателот на Националниот совет на Словачка Андреј Данко.