Џафери нескромен: Фунцијата добро ја извршував


И покрај големите притисоци и непотребно создадената хистерија во јавноста околу датумот за изборите, сепак тоа го направивме на вистинскиот начин: инклузивно, со консензус, преку изграден компромис. Со тоа им обезбедивме на граѓаните можност на 15 јули навистина да имаат суштински избор кој да ги претставува наредните четири години и наедно ја поштедивме државата од нова политичка криза која во вакви моменти навистина не ни е потребна“, изјави Талат Џафери, носител на листата на ДУИ во петтата изборна единица.

Преставувајќи ја изборната програма на ДУИ Џафери порача дека иницијативата за Албанец премиер ја смета за добра понуда, верува во неа и силно ја подржува.

-Тоа несомнено ќе значи рушење на последниот симбол на моноетничкиот стереотип при распределба на клучните функции во државава. Јас лично ја имав таа привилегија да покажам дека се работи за наметнат стереотип, за вградена нетрпеливост и недоверба при моето назначување за претседател на Собранието. Денес веќе никој не чувствува ниту закана, ниту некаков недостаток од фактот што Албанец веќе три години го предводи Собранието и дозволете да бидам нескромен, улога која сметам дека добро ја извршував.Уште повеќе, сметам дека во некои клучни моменти – претставуваше вистинска предност што не бев дел од водечките партии на етничките Македонци, што ми овозможи да делувам како арбитер, рече Џафери.