Џафери: Нема основ за постапка против Богоевски


Фото: Б. Грданоски
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери вели дека нема основ за каква и да е постапка против пратеникот Павле Богоевски по скандалот со снимката на која се слуша како тој наводно набавувал масло од канабис.

„Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија секогаш кога според Уставот и Деловникот на Сoбранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност“, вели Џафери.
Додава дека во овој момент нема основ за каква било постапка.
Џафери очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот.