Џафери нема да биде фракција во ДУИ

„Во сабота ќе присуствувам на состанокот на новото раководствот на ДУИ, и покрај тоа што органокот на партијата од Гостивар не е задоволно од овој нов состав“, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери на редовниот брифинг со новинарите.
Во однос на тоа дали со револтот што го покажа на претходниот сотанок значи дека ќе има нова фракција во партијата, Џафери кажа дека и покрај незадоволството и револтот што го изразил, не делува фракционерски.
Во сабота новото раководство на ДУИ ги повика министрите од партијата да реферираат за сработеното. Џафери кажа дека тој нема обврска да реферира бидејќи не е на таква функција како министрите, кои со својата работа одговораат пред граѓаните и имаат должност да ја спроведуваат програмата на партијата.
– Јас не реферирам пред партијата, јас реферирам пред граѓаните и има извештаи за мојата работа, рече Џафери.
За иницијативата на Левица пред Антикорупциската комисија околу неспоивоста на неговата должност како претседател на Собранието со партиска функција, Џафери дека тој не е носител на политичка функција во ДУИ.
– Друго е да си носител на извршна партиска функција и одлучуваш, потпишуваш. Бевте таму кога излегов. Што кажав? Излегувам и не гласам затоа што немам право на глас. Јас сум се оградил од она што ми е членување во органот, рече Џафери.
Тој додаде дека уште во првиот мандат се изјаснил дека во мирување го става одлучувањето во органите на партијата, но дека може да даде мислење и не може никој да му го одземе тоа право кога 20 години е член на партијата.