Џафери на дводневен парламентарен форум за лидерство во Вашингтон


Фото: Б. Грданоски
На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета во Вашингтон, САД. Во парламентарната делегација за и потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска-Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Како што соопшти собраниската прес-служба, дводневниот Парламентарен форум за лидерство е фокусиран на демократското обновување за борба против заедничките закани за демократијата. Исто така, во рамките на форумот, претседателот на Собранието Џафери и пратениците ќе остварат и билатерални средби со колегите од Конгресот и Владата на САД.

Програмата на ХДП е организирана од Националниот демократски институт (НДИ), со поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и во партнерство со Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На оваа програма од високо ниво, покрај Собранието на Република Северна Македонија, поканети се да учествуваат и дваесет партнерски парламенти на ХДП.