Џафери: Мило ми е што се преземени сите мерки за заштита од корона вирусот


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери го оствари своето гласачко право на избирачкото место во гостиварското село Форино.

По гласањето, Џафери посака изборниот процес да се заврши регуларно и без проблеми. Тој по гласањето замина во изборниот штаб во петтата изборна единица каде е носител на листата за пратеници од партијата ДУИ за да го изборите во оваа изборна единица.

– Како што е редот денес, јас во моето родно место го искористив правото на глас. Со оглед дека сум носител на кандидатската листа во петтата изборна единица, по гласањето ќе се упатам таму за да одблизу ги следам изборите и таму да ги чекам резултатите по завршувањето на гласањето. Мило ми е што се преземени сите мерки за заштита од корона вирусот и тоа е она што треба да следи во текот на денот. На сите што учествуваат во изборите им посакувам успех, изјави Џафери.

Џафери во согласност со заштитните мерки на гласање во основното училиште „Форино“ беше придружуван од сопругата, која исто така го оствари правото на глас.