Џафери: Комисијата за именувања се поставува над Парламентот


Фото: Б. Грданоски

– Со ваков распоред на сили Комисијата за избори и именувања се поставува над собранискиот пленум. Со ваква оценка излезе претседателот на парламентот на денешниот брифинг со новинари во врска со блокадата на собраниската Комисија што ја води Илија Димовски, а во која мнозинство има опозицијата, така што е блокирано затворањето на многу битни кадровски прашања.

Џафери вели дека не е во неговата надлежност распоредот на сили во собраниските тела. Посочува дека за тоа се предвидени решенија во Деловникот, но оценува дека не е практика во собраниските комисии мнозинство да има опозицијата.

Тој ги повика координаторите на пратеничките групи да седнат и да се договорат за распоредот во собраниските тела, согласно со новата констелација на односи во парламентот и со тоа да ја деблокираат комисијата, за да може да ги утврди предлозите за избор на функционери во битни институции.

Џафери посочи дека не, станува збор само за избор на државен ревизор, туку дека се блокирани процесите и во други битни институции – како МРТ, АВМУ….(А.М.M.)