Џафери: Изборите да протечат мирно


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери утрово гласаше во селото Форино со неговата сопруга. Пред да дојде на избирачкото место се информирал и го проверил избирачкиот список за да види дали се наоѓа во него, бидејќи, како што рече, за референдумското изјаснување го немало.
– Значењето од излегување на избори и од аспект да се биде избран и да се избира е една од темелните вредности и е право кое секој граѓанин треба да го искористи. Овие избори обезбедуваат една од функциите во државата и ја обезбедуваат функционалноста на државата со што треба да се обезбеди стабилност во политичкиот живот во земјава. Воедно посакувам изборите и целиот процес да течат мирно и како што започна утрово, така и да заврши. На кандидатите им посакувам среќа и на оној кој ќе добие мнозинство, рече Џафери.