Апасиев се скара со Џафери, се обиде да се степа со Мартин Костовски


Претседателе Талат Џафери, прв и последен пат да ви биде со прст да ме карате оти јас не сум ви дојден дома. Вие сте тука прв меѓу еднаквите и како таков не треба да го узурпирате столчето на коешто седите. Ако имате реплика кон некој пратеник, тогаш ќе си земете реплика, ќе си притиснете на копчето и ќе си кажете што мислите, му рече пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, на собранискиот спикер Талат Џафери.

Џафери пак  му возврати со зборовите: „Кој си па ти со прст да ми мафташ?“

 

– Кој си ти овде прст да ми покажуваш? Ај зборувај ако зборуваш и не ми мафтај со раката. Не мафтај со прстот оти може тој прст да ти биде скршен. Пробај следен пат и ќе видиш – рече Џафери.

Џафери не беше единствениот кој дојде во конфликт со лидерот на Левица. Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски и Апасиев  беа блиску до тепачка во Собранието,  но беа разделени од други пратеници.

-Да се контролираш во даден момент од пцовки и навреди од “невротичниот” колега е одлика на здрав ум. Безброј навреди, колнења и закани можеби може да ги реши еден нокаут, но тоа на улица не во храмот на демократијата. Лудилото ќе се заборави, ама рационалноста народот ќе ја памети.
Соочен со целосен распад и неуспех на сценаријата за насилно стопирање на европската иднина на државата, на Апасиев не му преостана ништо друго освен да ги пренесе тензиите во Собранието.Свесен дека не му поминуваат лагите за бугаризација и асимилација на Македонците, не му преостана ништо друго освен да се заканува со физичко насилство.
Агресијата на Апасиев кон мене е само изблик на неговата немоќ, и ништо повеќе од тоа.
Впрочем, насилничкото однесување на Апасиев, не е ништо ново ниту за нас пратениците, ниту за граѓаните. Тоа е истиот оној Апасиев кој се закануваше дека ќе стрелал луѓе, кој секојдневни се заканува, клевети, шири говор на омраза. Но, ниту тој, ниту тие за кои ги одработува овие антидржавни сценарија, нема да успеат да ни застанат на патот на европската идна на државата.
Влегуваме во ЕУ како Македонци, со признат македонски јазик нез никакви фусноти и додавки, со чист македонски идентитет“, напиша Костовски на Фејсбук.
 
Апасиев,пак, напиша статус на Фејсбук.

 

„Со сељаците-сељачки, со интелектуалците-интелектуално“, напиша Апасиев.