Џафери го одби барањето на Апасиев да свика седница за Евростандард банка


Претседателот на Парламентот, Талат Џафери, го одби барањето на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев да свика седница на која би се расправало за пропаста на Евростандард банката, преку пратенички прашања.

Во одговорот Џафери ги цитира членоввите од Деловникот според кои седница може да свикаат само 20 пратеници, а зад барањето на Апасиев стојат двајца од Левица.