Џафери ги распиша предвремените парламентарни избори за 12 април

Фото: Б.Грданоски

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва го потпиша решението со кое што се распишуваат предвремените парламентарни избори за 12 април. Првично беше најавено дека изборите ќе бидат распишани утре, но според достапните информации тоа морало да се стори уште денес, со цел да бидат запазени сите законски рокови. Од Кабинетот на Џафери најавуваат дека утре ќе има и официјална изјава.

Инаку, веднаш откако беа распишани изборите закажана е и седница на Државната изборна комисија.

Претходно денеска, во Собранието беа донесени повеќе закони, меѓу кои Законот за јавно обвинителство што го отвори патот за одржување и на собраниската седница на која што беше усвоен предлогот на Џафери за распуштање на парламентот, што беше подржано од сите присутни пратеници.