Двомесечно бебе заразено од корона вирусот


Двомесечно бебе е најмладиот жител во Битола кој е заразен со коронавирус. Според податоците од Министерството за здравство се заразило од  неговата баба. Исто така и мајката е позитивна на ковид-19.

Бебето во моментов е под надзор на матичен педијатар, со лесна клиничка слика.Ова не е прво бебе заразено од корона вирусот во Македонија. Во август беше заразено и тримесечно бебе кое успеа да го победи вирусот.

Според здравствената евиденција од коронавирус се имаат заразено неколку деца, но вирусот поминал без поголеми проблеми.