Двојно повеќе новозаразени во Франција за еден ден


 

Франција забележа пораст на бројот заразени од корона вирус во однос на понеделникот, откако во изминатите 24 часа регистрирани се 8.051 случај на инфекцијата.

Тое е речиси двојно повеќе во однос на понеделникот, кога беа пријавени 4.070 новозаболени.

Во последното деноноќие од последиците на корона вирсот починаа уште 85 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи се искачи на 31.893, пренесе Ројтерс.

Вкупно досега во Франција со корона вирус се заразија 550.690 лица.